Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

од Берта Китинска

Одговарајќи на новинарски прашања по врачувањето на донацијата во брзи тестови за ковид од Кралството Норвешка, министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека имаме историја на која сме горди, но оти мора да се трудиме да ги решаваме проблемите.

– Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја.Нашето антифашистичко минато не стави на вистинската страна на историјата меѓутоа денешните предизвици не можат да се решаваат исклучиво ако сме со двете нозе во минатото. Тоа го направија и европските држави само неколку години по најкрвавата војна во својата историја, рече Шекеринска.

Во таа насока, како што додаде, е и последното интервју на премиерот Зоран Заев кое испраќа пораки за помирување и гледање напред на работите.

 

Слични содржини