Шекеринска: Очекуваме следната недела да почне ратификацијата на Протоколот во Шпанија

од Aleksandar Petrovski

Очекуваме веќе следната недела во Шпанија формално да почне процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, бидејќи откако беше завршен изборот на шпанската Влада, се отворија вратите овој процес да започне и се надеваме да заврши за неколку недели, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се очекува скоро ратификација на Протоколот за членство на земјава во НАТО од страна на Шпанија, Шекеринска нагласи дека процесите на ратификација во оваа држава не се брзи, изразувајќи очекување за силна поддршка од страна на шпанските институции.

– Ако ги погледнете економските показатели во текот на изминатите година, година и половина, ќе видите дека освен огромниот пораст на странски директни инвестиции и пораст на број на вработени, дека и нашата берза покажува колку членството во НАТО дава замаец во економијата. Сакаме ова да продолжи. Кога ги видовме оваа година и бројките на зголемување на туристи во државата, заедно со овие движења на берзата, видовме дека навистина нашата политичка инвестиција носи и економски бенефит, истакна Шекеринска, која денеска присуствуваше на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје.

Слични содржини