Шекеринска од Кичево: Одиме на едноцифрена невработеност, покажуваме што е економски патриотизам

од Aleksandar Petrovski
На 15 јули изборот е едноставен. Изборот е помеѓу повисоку плати за сите или богатење на неколкумина околу Груевски. Изборот е помеѓу рекорден износ на странски инвестиции – и инвеститори од типот на Субрата Рој. Изборот е помеѓу 777 нови социјални станови или скапи кредити земени за да се финансира стиропор и кич, изјави денеска во Кичево носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ за ИЕ 5, Радмила Шекеринска.
На 15 јули, како што посочи таа,  граѓаните ќе изберат минималната плата да изнесува 20 000 денари, просечната плата да порасне до  34 000 денари, пензиите да продолжат да растат и ниту една  пензија да не биде пониска од 10 700 денари.
-Граѓаните ќе изгласаат да се зголеми прагот на поврат на ддв – то  од 7200 ден за секој граѓанин на годишно ниво на 9600 денари.На 15 јули граѓаните ќе гласаат и за зголемуваање на субвенциите од 160 милиони на 200 милиони евра за развој на нашето домашно  земјоделие. Градиме 260 километри автопати, 300 км експресни патишта и 950 км локални патишта низ цела држава. 2,5 милијарди евра од европските фондови – ова ќе бидат европски пари кои ќе ни ги донесат европските стандарди дома, рече Шекеринска.
Најави грантови до 15 000 евра за млади и за жени, да отворат сопствени фирми, да создаваат нови работни места и да донесат повеќе пари дома. Повисока социјална помош за 34000 семејства, и детски додаток кој ќе опфати 65 000 деца во цела држава.
-Најавуваме 1 милијарда евра странски инвестиции за следните 4 години.Тие нема веќе да бидат базидани на ниски плати туку на иновации, и одржливост, рече Шекеринска.
Невработеноста, како што истакна,  ќе продолжиме да ја намалуваме за три проценти секоја година се додека таа не добие едноцифрена вредност. -Ќе покажеме што значи економски патриотизам  на дело и како вистински се сака татковината, реече Шекеринска.

Слични содржини