Шеќеринска: Од Криволак создаваме полигон кој ќе биде вредност и шанса за Алијансата

од Andreja Salpe

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Брнз ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот „Криволак“, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“, којашто  ќе се реализира во периодот од 17 мај до 2 јуни на АП „Криволак“.

Денеска можете да видите дека и оваа амбициозност носи резултати и дека навистина од Криволак создаваме полигон кој нема да има само македонска и регионална вредност, туку ќе биде вредност и шанса за Алијансата. Сето тоа ќе беше невозможно без нашите палнови, нашата армија, се разбира и без поддршката на нашите сојузници.Денеска сиве овие конструкции се резултат на сојзуничката работа,на мкедонските војници и офицери и на американскит еинженерци. Денеска видовме колу е напредната работата во поглед на неколку капацитети на Криволак, коишто ќе го направат вистински НАТО ресурс”, истакна Шеќеринска.

Сите капацитети се градат за вежбата оваа година која што ќе биде најголема вежба во С. Македонија и на која што ќе се соберат војници од АРМ на РСМ, на САД, но и на Бугарија и Грција. Тоа ќе бидат ресурси и секоја следна вежба.

Слични содржини