Шекеринска од Охрид: Обезбедивме правичност сега е време за ред и правда

од Nikola Popovski

Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5, во изјава за медиумите соопшто дека зборот е збор.

„Пред две ипол години ветивме членство во НАТО и тоа го испорачавме. За само две ипол години станавме членка на најмоќната воено-политичка алијанса , после 11 изгубени години. Зборот е збор, истава година добивме почеток на преговори со ЕУ, после 11 изгубени години. За само две ипол години успеавме да станеме членка на НАТО, да почнеме преговори со ЕУ да ги зголемиме платите и пензиите три пати да ја покачиме социјалната помош и да ги враќаме парите кон граѓаните. За само две ипол години граѓаните повторно се слободни, а медиумите и критични и секогаш ослободени од притисок од власта“, вели Шекеринска.

Според неа, за само две ипол успеавме нашата држава од изолирана да ја направиме сигурна, членка на најмоќниот сојуз.

„Повеќе не сме сами ниту во добро ниту во лошо. Ако останете дома, ако не го искористите своето право на глас на 15 јули сето тоа може да остане уште една неискористена шанса бидејќи и вие знаете дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт Македонија во ЕУ нема никакви шанси. Дајте ни доверба за да ги завршиме докрај работите, влеговме во НАТО можеме и во ЕУ. Ги решивме суштинските, клучни, стратешки прашања за државата. Сега со иста енергија, страст, сила и храброст ќе се справиле со проблемите врзани со првната држава. Обезбедивме правичност сега е време за ред и правда, дајте ни доверба да го завршиме започнатото“, изјави Шекеринска.

Слични содржини