Шекеринска: Оставете ја Армијата надвор од валканите политички игри

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ веќе два дена по ред испраќа политички проглас во јавноста, во кој ја спомнува набавената спортска опрема во Армијата.
Нека повелат, сите договори за набавката на спортска опрема, како и за сите други набавки, се јавно достапни на веб страницата на Министерството за одбрана“, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„За разлика од времето кога беа тие на власт, ние немаме што да криеме. Се е изложено на окото на јавноста и на експертите.
Ако ВМРО-ДПМНЕ беа добра власт, немаше да ја запостават Армијата толку многу, та сега да почнуваме од нула. Да, почнавме од чизми и униформи, продолживме со беретки, ги зголемивме платите, набавивме и нова спортска опрема, инженериски машини, АБХО опрема, гортекс одела, и еве денес поделивме и нова алпинистичка опрема.

Што не е јасно во нашата намера да ги исправиме децениските неправди кои и ги нанесувавте на Армијата? Неправди кои ги нанесувавте лицемерно пеејќи патриотски песни, и закинувајќи го од година во година буџетот на одбраната.

Сега, кога го почнавме нагорниот тренд, кога земјава стана членка на НАТО, а нашите војници се враќаат со медали од меѓународните мисии, воздржете се од вашите валкани игри. Имајте барем малку доблест и чест, и поставете граница во вашиот негаторски однос кон се’ што правиме за Армијата на нашата заедничка татковина“, додава Шекеринска.

Слични содржини