Шекеринска: Ова не е превид и очигледно некој го информирал Мијалков, ние ќе бараме и политичка и кривична одговорност кај сите

Во рамки на презентација на вежбата на Криволак, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска посочи за стратешката соработка со САД во рамки на армиските вежби, и го најави пристигнувањето на инженерскиот батаљон од САД на Криволак.

Во меѓувреме, на новинарско прашање, таа се осврна и на бегството на Сашо Мијалков кое е актуелно изминативе два дена.

„Пред ова бегство ниту Владата, ниту правосудните органи ниту државата ќе затворат очи. Сите покажавме дека ќе бараме одговори и решителна акција, и ќе бараме одговорност. Прашањето веќе е како државата да обезбеди луѓе кои бегаат од правдата, и прашање е кој го информираше Мијалков и го организираше и обезбеди неговото бегство. Ние мораме да дадеме одговори на овие прашање, кај сите органи ќе бараме политичка и кривична одговорност. Ова не е случајно и не е превид, ова е очигледно дека некој го информирал Мијалков. Апсолутно свесни сме, дека треба да реагираме, да одговориме и да носиме одговорност“, посочи Шекеринска.

 

Слични содржини