Шекеринска: С. Македонија и НАТО го зајакнуваат одговорот на сајбер нападите

од Nikola Popovski

„Северна Македонија и НАТО го зајакнуваат одговорот на сајбер нападите! Со помошникот генерален секретар на НАТО Дејвид ван Вел потпишавме Меморандум за соработка кој овозможува координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напад“, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Помошникот генерален секретар Ван Вел, истакна дека сајбер одбраната е приоритет за НАТО и неговите сојузници.

„Зајакнувањето на отпорноста кон растечките сајбер закани е од критично значење, и овој Меморандум за соработка во сајбер одбраната кој го потпишавме со Македонија е важен чекор во таа насока“,  порача Ван Вел.

Меморандумот за разбирање треба да го олесни споделувањето информации за сајбер заканите и најдобрите практики, да ја подобри превенцијата на сајбер инциденти и да помогне да се зголеми отпорноста на Македонија во поглед на сајбер заканите.

Исто така, Меморандумот за разбирање треба да ја олесни взаемната поддршка на органите задолжени за сајбер одбрана на НАТО и Македонија во случај на потреба.

Слични содржини