Шекеринска: Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание

Во рамки на Меѓународниот ден на енергетска ефикасноста, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, изрази задоволство од реконструкцијата на армиските објекти и посочи дека министерството е одлучно да даде најголем придонес во намалувањето на загадувањето.

Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност. Реконструкциите на објектите на командата на SEEBRIG во Куманово, објектите на ренџерите и гардата во касарната Илинден ги работевме со издвоени 20% од цената за чинење наменети за енергетска ефикасност. На истиот начин ќе ги реновираме и објектите на воената полиција во Илинден и уште два објекти во касарната во Штип. Годинава почнуваме со работа по проектот за гасификација на касарните во Петровец и Куманово, кои се грееја на мазут и нафта. Решени сме да дадеме најголем можен придонес во намалувањето на загадувањето, користењето на чистата енергија и во заштитата на животната средина.

Слични содржини