Шекеринска со реакција: ВМРО-ДПМНЕ ќе лажат секој ден затоа што само лагите им останаа

од Vladimir Zorba

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во реакцијата на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека купената машина, како таа со која споредуваат, воопшто не е иста.

„ВМРО ДПМНЕ ќе лажат секој ден затоа што само лагите им останаа. Не можеа да најдат никаква забелешка на постапката. Не можеа да кажат дека е во четири очи. Не можеа да скријат дека имало конкуренција и наддавање. Не можеа да објаснат зошто 11 години ја запоставиле Армијата без ниту една инжинериска машина. И уште добија најдиректен демант дека купената машина воопшто не е иста како таа со која споредуваат.

Трет ден ќе им повториме – се работи за различна машина. Споредувате неспоредливо за да ја покриете својата неспособност. Ако имало поефтини машини кои ги исполнувале условите од приложената спецификација, ќе имало и такви понуди при тендерската постапка, која да ги потсетиме уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ, беше отворена и транспарентна.

И затоа им остана да продолжат да лажат. Очигледно членството во НАТО кое не успеаа да го попречат многу ги боли. Како што ги болат повисоките плати и пензии во Армијата, исплатените станарина и дневници кои ги ветуваа а никогаш не ги остварија. Ги боли очигледната разлика и вниманието од државата кое припадниците на Армијата за прв пат го почувствуваа и на последниот оглас за прием на војници се пријавија десет пати повеќе кандидати.“, се вели во реакцијата.

Слични содржини