Шекеринска: Со влезот во НАТО ставаме печат на нашата државност и независност

од Viktor Jovanov

Членството во НАТО не ни го подари никој, туку го спечаливме. Членството создава позитивна клима и во прашањето за влез во Европската унија. Веќе другите земји не доживуваат како дел од клубот. Имаме право да поддржиме или да се спротиставиме на одредени ставови внатре во НАТО. Го изградивме имиџот дека можеме да испорачаме тоа што е побарано од нас, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

-Треба да си забележиме дека водиме дебати во ситуација која за двете цели сме дискутирале 20 години, а едната веќе може да ја архивираме како завршена. Тоа е работа која треба да си ја кажеме и честитаме. Членството во НАТО стави точка на сите проценки и стравувања за безбедноста на Балканот. Ни даде сила да кажеме со ова удираме печат на нашата независност и државност. Сега сме под чадор кој го штити 1 милијарда луѓе и со овој ветер во грб одиме кон втората цел, влез во ЕУ, вели Шекеринска.

Слични содржини