Шекеринска: Стануваме 30. членка на Алијансата и веќе сме дел од семејството

од Vladimir Zorba

„Ден полн со адреналин. Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“, сподели министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот ФБ профил.

„Заедно со премиерот Зоран Заев и шефот на парламентот Талат Џафери, таму имавме средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните капацитети на воздушно поморските сили на САД и на НАТО. Стануваме 30. членка на Алијансата и веќе сме дел од семејството“, додава министерката.

Слични содржини