Шекеринска: Војниците ќе добиваат месечен надоместок за станбено обезбедување и можност за порано заминување во пензија

од Viktor Jovanov

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на социјалните мрежи им ги честиташе измените на Законот за служба во Армијата на припадниците на македонската армија.

Во измените е вклучен месечен додаток за станбено обезбедување во висина од 7 илјади денари, можност за порано заминување во пензија со износ од 80 отсто од десетте најдобри години. Овој систем до сега функционираше само во Министерството за внатрешни работи.

Измените вклучуваат и стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи и во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата и повисоки отпремнини за пензионирање.

-Благодарност до парламентот што ги изгласа овие суштински измени, напиша Шекеринска на својот Фејсбук профил.

Слични содржини