Шекеринска за објавената фотографија: Критиките за средбата со Дехари доаѓаат од тие кои беа дури 9 години во коалиција со него

од Nikola Popovski

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешниот престој во Битола јавно одговорила во врска со објавената фотографија и коментарите на социјалните мрежи по нејзината средба со градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари.

„Реакциите за средбата со градоначалникот на Кичево главно доаѓаат од тие кои од 11 дури 9 години беа во коалиција со Фатмир Дехари, кој немал различна канцеларија. Јас имам почит кон граѓаните, и кога како министер имам средби со официјални претставници на граѓаните, јас влегувам во домот на граѓаните, а не во нечиј личен дом. Моја обврска како министер за одбрана не беше да зборувам за минатото, туку да ги лечам раните од минатото и да не дозволам никогаш да не се повтори тоа што се случи во 2001-ва, и тоа го направив. Нашата држава е членка на НАТО и граѓаните знаат дека такво нешто никогаш повеќе нема да биде страв за нашата држава, а оние што зборуваат нешто требаше да сработат, јас моето го сработив“, изјави Шекеринска.

Слични содржини