Шекил О’Нил: Стив Вондер може да гледа (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Светски познатиот кошаркар Шекил О’Нил сподели скандалозна приказна за пејачот Стиви Вондер. Во неа, тој навести дека слепиот музичар всушност може да гледа. Поранешниот кошаркар на Л.А.Лејкерс се присети на една приказна кога случајно го запознал пејачкот.

Шегувајќи се со останатите во студиото на телевизиско шоу, Кени Смит, Чарлс Баркли и Ерни Џонсон, О’Нил изјави дека има „вистинска приказна“ за Вондер. Опишувајќи го неговиот дом, каде била случката, Шекил вели:
„Живееме во зграда на булеварот Вилшир. Јас го паркирав мојот автомобил таму и дојде човек да ја однесе. Веќе бев во зградата, минував низ лобито. Требаше да се качам во лифтот, за да одам до мојот кат, кога вратата се отвори и пред мене беше Стиви Вондер. Влегува и вели: Како е Шек? „Тој го стисна копчето – вистина е – го притисна копчето, тој слезе сам на својот кат и влезе во станот“, рече кошаркарот.

Сепак, другите учесници во шоуто не веруваа во зборовите на Шекил и постојано му се смееја додека ја раскажуваше приказната.

https://www.youtube.com/watch?v=DOO0oBjpWxY

Слични содржини