Шериф ја продолжи фудбалската бајка: Победа во дебито од ЛШ!

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Шериф продолжија да бележат фантастични резултати. Шампионот на Молдавија го совлада Шахтјор на домашен терен во деби натпреварот од Лигата на шампионите.

Преку квалификациите и натпреварите со Црвена звезда и загрепски Динамо, клубот од Тираспол покажа колку може да игра дисциплинирано, додека има што да понуди и во нападот.

Така беше и оваа вечер на средбата со украинскиот тим. Тимот од Доњецк имаше посед на топка во своите нозе, но на крајот се гледа резултатот, а тој беше на страната на избраниците на Јури Вернидуб.

Се играше во 16. минута кога Адам Траоре го доведе домашниот тим во предност, по нафрлувањето на Кристијан од левата страна.

Триумфот на Шериф го потврди резервистот Јансана во 62. минута, а Кристијано беше асистент и во тој гол.

Слични содржини