Шерлок Холмс со Роберт Дауни се враќа на големиот екран

од Vlatko K

Новиот филм за Шерлок Холмс ќе биде снимен од страна на Декстер Флечер, кој ја презема
режисерската палка од Гај Ричи. Поранешниот сопруг на Мадона ги сними претходните два филма
за најпознатиот детектив во светот.


„Ворнер Брос“ одамна планира да почне да работи на третиот филм, но густиот распоред на
снимања на Роберт Дауни Џуниор за „Марвел“ сè уште го попречува.

Џад Ло повторно ќе ја игра улогата на д-р Вотсон.

Првиот филм за славниот англиски детектив се појави на големиот екран во 2009 година, а
неговото продолжение „Шерлок Холмс: Игра на сенки“ се појави две години подоцна. Двете
продукции уживаа голем интерес за публиката.

Третиот филм во серијата треба да ја има премиерата на 21 декември 2021 година.

Слични содржини