Шерон Стоун го изгубила старателството врз синот поради филмот „Basic Instinct“

од Nikola Popovski

Познатата холивудска актерка Шерон Стоун вели дека една од нејзините најпознати улоги ја чинела старателството над нејзиниот син во 2004 година.

Нејзината улога во филмот „Basic Instinct“од 1992 година го променила начинот на кој луѓето ја перципирале, изјавила Стоун гостувајќи на подкаст.

Како што кажала, познатата сцена кога ги прекрстува нозете во еротскиот трилер ја искривила сликата што луѓето ја имале за неа, пренесува Би-Би-Си.

Стоун раскажала како судијата за старателство го прашал нејзиниот четиригодишен син: „Дали знаеш дека мајка ти снима секс филмови?

Стоун и нејзиниот поранешен сопруг Рон Бронштајн го посвоија синот Роан во 2000 година, но по нивниот развод во 2004 година, судот му додели старателство на таткото.

Актерката вели дека тоа и предизвикало голема болка.

– Завршив во клиниката Мајо поради проблеми со срцето. Тоа ми беше буквално скршено, изјавила Стоун.

Таа смета дека третманот што го добила за сцената е „брутален“, особено ако се земе предвид колку секс и голотија денес има на телевизија.

– Видовте можеби една шеснаесетина од секундата од мојата голотија, а јас го изгубив старателството над моето дете, рекла Стоун.

Додала и дека во Холивуд била критикувана поради улогата на Кетрин Трамел, која го заведува детективот кој го игра Мајкл Даглас во „Basic Instinct“

– За таа улога бев номинирана за Златен глобус, а кога отидов на церемонијата и го изјавија моето име, еден куп луѓе во собата се насмеаа, изјавила таа.

Таа вели дека била понижена и дека сега избегнува улоги на жени со „мрачни“ личности или улоги кои се сексуални. Стоун истакнува дека фановите не треба да ги мешаат актерите и ликовите што ги играат.

-Момчето што го глумеше (серискиот убиец) Џефри Дамер – никој не мисли дека јаде луѓе. Тие само мислат дека тој е многу сложена личност која презела неверојатно тешка улога, вели Стоун.

Слични содржини