Шерон Стоун откри кој холивидски актер најдобро бакнува

од Nikola Popovski

Шерон Стоун како гостин во една емисија одговарала на прашањата на гледачите, а едно од било кој актер кој најдобро се бакнува. Изгледа дека не требала да размислува многу, бидејќи била прилично сигурна во нејзиниот одговор.

„Роберт де Ниро е дефинитивно најдобро се бакнува. Да, Боб е далеку пред сите“, изјавила Шерон.

Како што објасни таа, тоа е веројатно дел од причината за нејзиниот одговор и фактот дека имала многу почит кон него уште пред да соработуваат заедно, пренесува британски „Мирор“.

„Му се восхитував најмногу од сите актери. Цела моја кариера сакав да бидам како него. Можеби затоа бакнувањето со него беше одличен момент за мене. Бев лудо вљубена во него како актер, дури и да ме удреше со чекан по главата, јас ќе кажев дека тоа е во ред“, се пошегувала актерката.

Конкуренцијата на Де Ниро се најголемите „фаци“ на Холивуд, бидејќи секс иконата соработувала и со Силвестер Сталоне, Мајкл Даглас и Арнолд Шварценегер.

„Не можам да споредувам никој друг со Де Ниро. Во споредба со него, сè друго е слабо“, рекла Шерон Стоун, кој го снимаше незаборавниот филм „Казино“ со Де Ниро.

loading...

Слични содржини