Шерон Стоун се сликала гола во „Плејбој“ за да ја добие улогата во „Basic Instinct“

од Vladimir Zorba

Шерон Стоун даде ретко интервју за нејзината колешката Дру Баримур за нејзиното ново ток-шоу. Стоун (62) призна дека за да ја добие улогата на заводливата убавица Кетрин Трамел во „Basic Instinct“, намерно решила да се слика гола за „Плејбој“. Актерката сподели и дека дури и во младоста секогаш дејствувала повеќе стратешки отколку импулсивно.

„Одлучив да се снимам специјално за Плејбој затоа што сакав да ја добијам улогата во филмот „Basic Instinct“. Иако во тоа време немав идеја што ќе ми донесе. Навистина мислев дека тоа е вистинската улога за мене и знаев што да направам за да ја добијам“, рече Стоун.

Нејзината улога и донесе имиџ на секс симбол, милиони обожаватели и статус на sвезда, што и овозможи да глуми и во други познати филмови, како што е „Casino“, каде што нејзин партнер беше Роберт Де Ниро.

Но, Шерон и Дру разговараа и за приватноста. Како мајка на три деца, Стоун призна дека воопшто не ја интересираат романтични врски.

„Јас прекинав со излегување на состаноци затоа што сметам дека луѓето се неискрени и недостојни за моето време. Повеќе сакам да го поминувам времето сама или со деца и пријатели. Едноставно чувствувам дека не ми треба друго дете, не сакам неискреност, не сакам игри. Не знам ни како да го кажам тоа за да звучи како што треба“, рече Шарон.

Баримор се согласи со својот гостин и рече дека се чувствува исто. Неодамна и самата актерка призна дека не сака повторно да се омажи.

„Имам навистина добри машки пријатели, но кога станува збор за емоционална зрелост во врските, се чувствувам како мажите и жените да се на различни нивоа“, додаде Шарон.

Актерката и рече на Дру дека се обидува да ја всади оваа мисла кај нејзините синови: 20-годишниот Роуан Џозеф Бронштајн, 15-годишниот Лорд Вон Стоун и 14-годишниот Квин Кели Стоун.

„Понекогаш тројцата влегуваат во мојата соба, започнуваат машки разговор и кога ќе ме забележат, ми велат: „Не треба да разговараме за ова пред мама“. И јас одговарам: „Не мора да разговарате за ова ни еден пред друг“. Ајде да разговараме за тоа. Постојат одредени стравови во светот што ги доживуваат момчињата и мажите затоа што постои недоразбирање за силата и мажественоста. Затоа се обидувам да ги научам моите момчиња дека претставите за силни и важни, што мажите ги имаат, можат да бидат сосема погрешни и може да не бидат корисни дури и во нивната врска“, рече Шерон Стоун.

loading...

Слични содржини