Шерон Стоун си ја отвори душата по ненадејната смрт на брат ѝ: Болката е неподнослива

од Nikola Popovski

Шерон Стоун постигна голем успех во кариерата, но нејзиниот приватен живот не беше толку сјаен.

Голема трага кај неа остави прераната смрт на нејзиниот брат и неговиот син. Холивудската ѕвезда го загуби својот брат во февруари, кога 57-годишниот Патрик почина од срцев удар, а само 18 месеци откако почина неговиот син Ривер, чии органи откажаа.

Шерон за „Дејли мејл“ изјавила дека тоа целосно ја уништило, и дека се уште се бори со тагата.

-Се обидувам да го сфатам секој ден што доаѓа, едноставно морам да разберам, искрена била актерката.

Иако се соочи со смртта, работејќи како амбасадор на организациите кои се борат против СИДА, Шерон додава дека болката за нејзиниот брат и неговиот син се уште е неподнослива.

– Бидејќи толку долго работев со ХИВ, работев многу и со смртта, но влијанието на нивната смрт е едноставно поразително за мене, рекл таа.

Да потсетиме, актерката ги изненади сите во февруари кога на Инстаграм ја објави веста за смртта на нејзиниот брат.

Ривер бил пронајден во неговиот кревет кога неговите органи веќе почнале да откажуваат, поради што бил во кома неколку дена пред да умре.

Шерон е родена во 1958 година во големо семејство, со кое остана блиска и по огромната слава што ја доживеа. Нејзиниот постар брат Мајкл се обидел да се реализира како актер, но не успеал. Голема трагедија го погоди нејзиното семејство кога неговиот син Колин почина на 22-годишна возраст по предозирање.

Помладата сестра на Кели боледува од автоимуна болест лупус и за малку ќе умрела за време на пандемијата на коронавирусот. Шерон ги информирала следбениците за состојбата на нејзината сестра, а особено ги критикувала оние кои не носат маски.

Фото: GETTY IMAGES

Слични содржини