Шеснаесетгодишно момче прободено со нож во парк во скопски Чаир

од Берта Китинска

Шеснаесетгодишно момче синоќа било прободено со нож во скопската населба Чаир.

Вчера во 22.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен повреден 16 – годишник од Скопје, кој, според пријавеното, околу 22.10 часот на фонтана во парк во населба Чаир, по претходна расправија со две лица, од едното од нив бил прободен со нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини