Шест едноставни навики за рамен и убав стомак

1. Научете да се опуштите

Во маснотииве во стомакот постојат четири пати повеќе рецептрони за кортизок (хормон а стрес) во споредба со маснотиите веднаш под кожата.
Со други зборови, доколку постојано сте под стрес, маснотиите во стомакот се собираат побрзо отколку во други делови од телото. Затоа е важно да научите да се опуштите – да медитирате, вежбате, да се дружите со луѓе кои ве смеат…

2. Внимавајте што јадете

50/30/20 е процентот што јаглехидратите, протеините и мастите треба да го заземат во исхраната за да изгледате добро и да ги држите масните наслаги подалеку од вашиот стомак.
Пример, доколку внесете вкупно 1.800 калории во вашето тело – 900 би требало да бидат здраавите јаглехидрати (зеленчук, овошје, грав, интегрални житарки), 540 протеини (ореви, посно месо) и 360 маснотии (маслиново масло, соино масло, лосос, ореви).

3. Направете мускули

Студија спороведена на повеќе од 10.000 луѓе открила дека поединците кои во текот на 12 години, вежбале скеојдневно по 25 минути, половината им била за неколку инчи помала од оние кои истото време го поминувале вежбајќи аеробни вежби.

4. Фокусирајте се на влакната

Влакната ни помагаат да се чувствуваме заситени подолго време, бидејќи подолго се варат. Покрај тоа, тие го забрзуваат метаболизмот и колку побрзо функционира метаболизмот, толку поспоро се здебелуваме.

5. Спијте доволно

Шест до седум часа споење може да помогне во таложењето на маснотии во стомакот. Луѓето кои спиеле пет часа или помалку или осум или повеќе, имале поголеми количини на маснотии околу стомакот, а исто така биле изложени на поголем ризик од дијабет тип 2.

Истражувачите претпоставуваат дека „екстремните“ облици на спиење (премногу или премногу) го менуваат чувството на глад и може да го нарушат дневен баланс на калории – принудувајќи да јадете премногу и да вежбате помалку, пренесува Shape.

6. Престанете да јадете порано

За време на оброкот не чекајте да се прејадете, туку престанете да јадете на време. На овој начин трошите помалку калории,ќе бидете сити и варењето ќе ви работи подобро.

Слични содржини