Шест граѓани ја загубија битката со корона

од Nikola Popovski

Во текот на изминатите 24 часа, тројца граѓани починале од коронавирус, покажуваа последните ковид-бројки во земјава.

Црниот биланс изнесува 2 починати лица од Скопје (63г и 86г), и едно починато лице од Струмица (53г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (86г), Тетово (78г) и од Кичево (68г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828.

Слични содржини