Пет лица фатени со дрога, еден е малолетник

од Берта Китинска

Во текот на вчерашниот ден во повеќе градови низ Македонија  најдени лица кои поседувале дрога и психотропни супстанци.

Денеска во 02:00 часот по полноќ 55-годишен Скопјанец бил фатен на улицата „Бутелска“ со марихуана. Тој бил задржан во станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера околу 15.20 часот, полициски службеници на СВР Скопје, во реонот на Гази Баба, ја лишиле од слобода Х.Р.(32) од Гостивар, со привремено живеалиште Скопје, затоа што при преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Дрога била пронајдена и кај три лица од Удово и Миравци.

-Вчера во 23.45 часот, полициски службеници на СВР Струмица, на место викано „Бел рај“, атар на с.Миравци, гевгелиско, од слобода ги лишиле С.К.(40) од с.Удово, гевгелиско, С.Д.(39) и М.Р.(38), двајцата од с.Миравци, затоа што при преглед кај С.К. била пронајдена марихуана, а С.Д. и М.Р., поради сомнение за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

15-годишен тинејџер од Куманово, пак, се сомничи за дилање дрога.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против 15-годишник од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Завчера во градинка на зелениот пазар во Куманово, полициски службеници, при преглед на пријавениот, пронашле и одзеле марихуана, велат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Струмица, пак, поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од Просинеково, кај кого во септември минатата година биле пронајдени марихуана, хашиш и делови од растение Канабис.

-СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(60) од с.Просениково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Просениково, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш и делови од растение Cannabis.

Слични содржини