Шест лица загинаа во автобуска несреќа во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Денес се случи сообраќајна несреќа во рускиот град Леснаја, кога автобус удри во автобуска станица и усмрти шест лица, додека 15 се повредени, соопштија локалните власти, пренесува ТАСС.

Автобусот возел работници на фабрика во Лесноја, која се наоѓа на околу 230 километри северно од главниот град на регионот Свердловск, Екатеринбург, или околу 1.350 километри источно од Москва.

Локалните власти соопштија дека имало дефект на сопирачките на автобусот, кој удрил во портата на фабриката и блиската автобуска станица.

Руската полиција започна кривична истрага.

Слични содржини