Шест-месечно бебе од Италија го победи коронавирусот: Тоа е „преубавото лице на надежта“

од Nikola Popovski

Двете излекувани лица претставуваат сјај на надеж таво Северна Италија, регион кој е најтешко погоден од епидемијата на коронавирус. Едниот е на почетокот од својот живот, а другиот на залезот.

Леонардо, кој има само шест месеци и италијанката Грондана, 102-годишниот старец, го победија коронавирусот иако лекарите им даваа минимални шанси.

Бебето неодамна се вратило во својот дом во општина Корбета во Ломбардија, откако поминало 50 дена во болница и се борел против вирусот „Ковид-19“.

Градоначалникот Марко Баларини го нарече Леонардо, „преубаво лице на надежта“ и му се заблагодари на симпатичното мало момче што помогна да се всади надеж и да се израдуваат многумина во регионот, а фотографијата  од него како го има исплазено својот јазик го обиколи светот.

– Денес имаме причина да се насмевка и среќа. Денес гледаме во прекрасното лице на надежта. Корбета го пречека малиот Леонард кој штотуку беше ослободен од болницата, откако го победи Ковид-19. Ти благодарам многу Леонард и на твоите родители кои никогаш не се откажаа. Тие донесоа лето во срцата на сите жители на Корбета, рече тој.

Мајката на момчето за локалните медиуми изјави дека била многу загрижена, особено во текот на ноќта.

– Не би го посакал тоа на ниту една мајка. Знаев дека мојот Леонардо се разболел кога доби температура и срцето почна побрзо да му чука. Мојот сопруг имаше колега на работа, кој беше позитивен на коронавирус, рече таа.

Мајката посочува дека Лео ја добил најдобрата можна нега во болницата, пренесува Дејли Меил.

Во меѓувреме и 102-годишната италијанка Грондона од Џенова, „чудесно“ се опорави откако се зарази  со Ковид-19 и помина 20 дена во болница.

На почетокот на месецот, Грондона билс примена во болницата со симпитоми на коронавирус и дијагностицирана со срцева болест, но во меѓувреме била пуштена дома, затоа што го победила вирусот.

„Ние ја именувавме Хајлендлер (по филмот со исто име)“, рече Вера Сикбалди за Си-Ен-Ен, која ја лекувала старата баба во болницата „Сан Мартино“ во Џенова. Таа истакна дека е старицата е надеж за постарите граѓани кои се соочуваат со епидемијата.

Слични содржини