Актуелно
Почетна / Сцена / Шест милиони лајкови за бесната Џен: Анистон порача – Носете ги проклетите маски! (ФОТО)

Шест милиони лајкови за бесната Џен: Анистон порача – Носете ги проклетите маски! (ФОТО)

Една од омилените холивудски актерки и ѕвезди на серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон (51), апелираше до сите преку својот Инстаграм профил да носат заштитни маски.

Сите знаеме дека КОВИД-19 не слабее низ целата планета, дека пандемијата е сè уште во сила и дека Америка е една од најзагрозените земји дури и во овој период, во таканаречениот „втор пик“, така што шармантната актерка се огласи во оваа пригода револтирана дека луѓето не ги почитуваат мерките на претпазливост во борбата против инфекцијата со овој безмилосен вирус, кои вклучуваат задолжително носење маски.

Актерката е фотографирана во спортско издание и изгледа дека штотуку завршила со тренинзите, а на лицето носи црна заштитна маска.

– Разбирам дека маските се неудобни и непријатни. Но, зарем не мислите дека е полошо што бизнисот се затвора … Се делат откази … здравствените работници се целосно исцрпени. И толку многу животи ги однесе овој вирус затоа што не правиме доволно.

– Јас навистина верувам во доброто кај луѓето и знам дека сите можеме да излеземе од ова. Но, сепак, има многу луѓе кои одбиваат да ги преземат потребните чекори за да се заштитиме едни со други. Луѓето се грижат дека им е „одземено правата“ со тоа што бараат од нив да носат маски. Оваа едноставна и ефективна препорака се политизира и се плаќа со човечки животи. И навистина не треба да се расправате за тоа.

„Ако се грижите за човечките животи, ве молам … само облечете ги проклетите маски и охрабрете ги сите околу вас да го сторат истото“, напиша Џенифер.

 

View this post on Instagram

I understand masks are inconvenient and uncomfortable. But don’t you feel that it’s worse that businesses are shutting down… jobs are being lost… health care workers are hitting absolute exhaustion. And so many lives have been taken by this virus because we aren’t doing enough. ⠀ ⠀ I really do believe in the basic goodness of people so I know we can all do this 🥰 BUT still, there are many people in our country refusing to take the necessary steps to flatten the curve, and keep each other safe. People seem worried about their “rights being taken away” by being asked to wear a mask. This simple and effective recommendation is being politicized at the expense of peoples’ lives. And it really shouldn’t be a debate 🙏🏼 ⠀ ⠀ If you care about human life, please… just #wearadamnmask 😷 and encourage those around you to do the same ❤️

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

loading...