Шест навики кои создаваат ЗДРАВ МОЗОК

од Stefanija Kuzmanovska

Многу фактори влијаат на здравјето на мозокот. На нив влијаат биолошки и физиолошки фактори – гени, хормони, статус на имунолошки систем, исхрана, вежбање и здрав начин на живот.

На состојбата на нашиот мозок влијаат и земјата во која живееме, политичките и социјалните околности, нивото на стрес, преоптоварувањето на работата итн.

Како што старееме, така старее и нашиот мозок. Но можеме да го забавиме овој процес со одредени животни навики.

Во овој текст ќе зборуваме за навиките кои водат до здрав мозок:

1. Здрав мозок знае колку е важна здравата храна.

Затоа јадете: ореви, маслиново масло, риба, говедско месо…

2. Здрав мозок е пред сè смиреност – а тоа е многу важно.

Здрава личност го негува своето хоби, знае што ја смирува, посветува време на себе.

3. Мозокот обожава 20-минутна дневна прошетка!

Било да е прошетка после ручек или пред појадок. Било да е тоа прошетка со домашно милениче или најдобар пријател – важно е само да се движите, да вежбате затоа што вежбањето го стимулира мозокот.

4. Стимулирајте го мозокот: размислувајте, пресметувајте, развивајте ги мозочните вијуги.

Учењето ќе го подмлади вашиот мозок. Научете да свирите инструмент, нови јазици, …

5. Бидете секогаш во контакт со светот и луѓето.

Но, само со оние луѓе кои вам ви одговараат, кои не ве исполнуваат со негативна енергија и кои се подготвени за промени…

6. Здрав мозок сака добар сон и одмор во „будна состојба“.

Фантазирајте, тоа го подмладува мозокот. Обезбедете си 8 часа квалитетен сон.

Слични содржини