Шест нови пратеници влегоа во Собранието

од Nikola Popovski

Попладнево беа верификувани мандатите на шесте нови пратеници откако неколкумина станаа градоначалници на локалните избори. На седницата во Собранието, „За“ гласаа 83 пратеници, а немаше против и воздржани.

Според тоа, на местото на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром, доаѓа Тони Јаревски, а на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски.  На местото на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој е новиот градоначалник на Штип, доаѓа Драган Ковачки.

Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасова, а Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, Грација Бакраческа. Биљал Касами, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.

Претходно, Државната изборна комисија им ги издаде уверенијата на шесте нови пратеници.

Продолжението на 51. седница дополнително ќе биде закажано.

Слични содржини