Шест сообраќајки во Скопје во текот на изминатото деноноќие

од desk4

Сопатник со тешки телесни повреди се здобил во една од вкупно шест сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во една сообраќајка со полесни повреди се здобило едно лице, а во останатите четири била причинета материјална штета.

dav

Од СВР Скопје информираат дека вчера 19 возачи возеле побрзо од дозволеното, петмина поминале на  црвено светло, четворица неправилно престигнале, а тројца возачи ја немале во возилата соодветната зимска опрема.

Од сообраќај биле исклучени вкупно девет возачи, од кои двајца возеле под дејство на алкохол, шест пред да се стекнат со правото на управување и еден почетник. Од сообраќај е исклучено и едно нерегистрирано возило.

Затекнати биле 55 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети биле 66 возила.

Слични содржини