Шест знаци кои укажуваат дека на вашето тело му е потребна помош

од Stefanija Kuzmanovska

За да останете здрави, многу е важно да ги следите сигналите што ви ги испраќа вашето тело. Дека нешто не е во ред и дека имате здравствени проблеми, понекогаш можете да дознаете без да одите на лекар, а ова се некои од сигналитe поради кои е препорачливо да се консултирате со стручно лице.

Несоница, тенки нерви и грчеви во нозете

Комбинацијата од овие три симптоми е очигледен знак кој вашето тело ви го испраќа поради недостаток на магнезиум и калиум за нормално извршување на метаболичките функции. За да ја надоместите загубата, зголемете го дневниот внес на храна богата со нив, како што се банани, домати, спанаќ и портокали, и ако тоа не е доволно, земете додаток на магнезиум.

Сува кожа

Овој знак, особено ако трае со недели и не е поврзан со надворешни фактори, како што се промените во козметиката, сезоната на централно греење и слично, може да биде сигнал за недостаток на витамин Е. Обидете се да компензирате со јадење повеќе зеленчук, масла, ореви и риба. Исто така, избегнувајте работи што ја сушат кожата одвнатре – кафе и алкохол.

Постојана желба за слатки

Секој повремено посакува малку чоколадо, но ако желбата за слатки е секојдневна, најчести причини се исцрпеност, стрес, па дури и депресија. Вашето тело бара гликоза и треба да му се даде, но посегнете по оние поздрави форми – преку мед, темно чоколадо.

Ви се јаде сладолед или грицка мраз

Оваа потреба не е толку ретка, а експертите објаснуваат како може да биде сигнал за анемија во организмот. Недостаток на железо обично се јавува со други симптоми, како што се замор, тахикардии, опаѓање на косата… Најдобри извори на железо се црвено месо, јајца, зеленчук.

Крварење на непцата

Ненадејно или постојано крварење на непцата додека миете заби е очигледен знак на чести воспаленија предизвикани од недостаток на витамин Ц. Пред да купите додатоци на витамини, обидете се да внесете повеќе цитрусно овошје, спанаќ, домати и брокула во вашата исхрана.

Прстен околу зеницата

Таквите ознаки обично се појавуваат кај луѓе постари од 50 години, а потоа нивниот изглед е нормален. Меѓутоа, ако се појават кај помлади луѓе, тогаш овие прстени се знак на покачено ниво на холестерол, затоа дефинитивно треба да се консултирате со лекар и да го проверите нивото на маснотии во крвта.

Слични содржини