Шесте објекти на ЈДГ „Весели цветови“ спроведоа голема хуманитарна акција

од Aleksandar Petrovski

По опожарувањето на семеен дом на детенце, кое во населбата Пинтија го посетува објектот „Ѓурѓица“, кој е во надлежност на градинката „Весели цветови“, истата со цел да му помогне на семејството спроведе голема хуманитарна акција, насловена „Помогни на другарче во неволја“.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, вработените и родителите на дечињата, од сите објекти во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“, донираа прехранбени производи, облека, машина за перење, мебел за дневна соба и финансиски средства.

– Општина Кисела Вода ја поздравува хуманитарната акција, и за истата упатува голема благодарност до родителите на дечињата и до вработените во ЈДГ „Весели цветови“, се вели во соопштението.

Сите хумани граѓани и фирми, кои се во можност да му помогнат на семејството, можат да контактираат на телефонскиот број: 078/719-426.

Слични содржини