Шести ден немири во САД, републикански сенатор бара војска на улиците

од Vladimir Zorba

Насилните демонстрации во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд низ САД влегуваат во нивниот шести ден. Властите во дваесет и шест од 50 држави на САД ги изнесе членовите на Националната гарда на улиците.

Демонстрантите запалија пожари околу Белата куќа, уништија и ограбуваа продавници во Филаделфија. Уапсена е и ќерка на градоначалникот на Њјорк, а нападнат е и новинар од Вол Стрит Журнал.

Агентите на тајната служба го придружувале американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа била опкружена со демонстранти, објави магазинот „Тајм“.

Сенаторот на републиканците во Арканзас, Том Котон, апелираше до Трамп да ги однесе активните припадници на американската војска на улиците за да ги смири немирите во врска со убиството на Џорџ Флојд.

Котон на Твитер се осврна на законот од 1807 година, кој му дозволува на претседателот да ја изнесе армијата на улиците во случаи на „безвластие, востание и побуна“.

Во градот Давенпорт во државата Ајова загинаа две лица, а еден полицаец беше ранет во текот на ноќта.

Според локалните власти, полициските службеници се нападнати од заседа за време на патролата.

Началникот на локалната полиција Пол Сикорски рече дека напаѓачите пукале во полициско возило и дека еден полицаец е ранет во таа прилика.

Тој додаде дека неколку лица осомничени за нападот биле уапсени.

Вечерашните демонстрации во Луисвил, Кентаки, беа обележани со престрелки.

Локалните полициски сили и припадниците на Националната гарда беа испратени да ја растераат толпата од која некој пукаше во нивна насока, се вели во соопштението.

„Еден човек беше убиен во размена на оган“, рече началникот на полицијата на Луисвил, Стив Конрад.

Еден човек во Сент Луис им подлегнал на повредите што ги здобил во саботата кога го прегазил камион чиј возач наводно бегал од група демонстранти.

Скај њуз објави видео на кое се гледа полициско возило во Лос Анџелес како удира во демонстрант, а потоа го напушта местото на несреќата.

Од друга страна, постојат гласови и дејства на разумот што повикуваат на смирување на ситуацијата.

Помладиот брат на Џорџ Флојд повика на мир, потенцирајќи дека сметал дека „тоа не она што бил Џорџ“.

Некои полицајци низ целата земја клекнаа во солидарност со демонстрантите кои протестираат против смртта на Флојд.

Слични содржини