Шести ден по ред бројот на починати во Франција е под 30

од Vladimir Zorba

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Франција денес се зголеми за 29, што е шести ден по ред со број на смртни случаи под 30.

Има вкупно 29.436 смртни случаи, што е петта најголема смртност во светот.

Француската влада исто така објави дека бројот на лица во болниците опаднал за 129, на 10.752, јави Ројтерс.

Бројот на пациенти во одделите за интензивна нега падна за 23, на 846, што е продолжение на трендот на намалување, што трае веќе неколку недели.

Денешните податоци беа објавени еден ден откако претседателот на Франција, Емануел Макрон, рече дека тој го забрзува укинувањето на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, меѓу другото, најавувајќи и целосно отворање на ресторани и кафулиња во Париз, соопшти агенцијата.

Слични содржини