Шести ден протести против францускиот предлог, сменета рутата на движење

од Nikola Popovski

Шести ден протести против францускиот предлог. Во тек е маршот на граѓаните и демонстрантите кои од Владата се упатија кон зградата на Министерството за правда, наместо претходната рута кога во последните неколку денови се движеа кон зградата на МНР.

Маршот се очекува да заврши пред Собранието, како и во изминатите денови.

На маршот е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потесното партиско раководство. Присутни се и членови на Левица.

Се пејат народни песни, а целиот марш е пропратен со тапани. Се скандира „Оставка, оставка“, „Македонија, Македонија“ и „Никогаш Северна само Македонија“.

Слични содржини