Шести протест „Србија против насилството“ во Белград

од Vladimir Zorba

Во Белград денеска се одржува шестиот по ред протест „Србија против насилството“.

Насобраните ќе пешачат речиси три километри и овојпат ќе ја посетат Владата околу која ќе направат обрач и ќе остават пораки за претставниците на државата.

Демонстрантите ја сметаат власта за одговорна за зголемувањето и толеранцијата на насилството во општеството и оставаат бројни пораки со критики и повици до претседателот Александар Вучиќ да се повлече.

Протестите беа поттикнати од две масовни престрелки на почетокот на мај, кога беа убиени 18 млади луѓе, кои демонстрантите ги гледаат како жртви на толеранција на насилство во јавниот простор и медиумите под контрола на владата.

На претходните пет протести, одржани на покана на проевропската опозиција, десетици илјади демонстранти го блокираа центарот на градот, двапати главната сообраќајница на автопатот низ главниот град, како и Радио и телевизија на Србија, чие известување за демонстрантите не ги гледаат како информации од јавен интерес, туку како некритична наклонетост кон актуелната влада.

Слични содржини