Шестмесечниот извештај на СЈО утре пред комисијата за политички систем

од Vladimir Zorba

Утре специјалната обвинителка Катица Јанева треба да се појави во Собранието каде на комисијата за политички систем ќе го презентира шест месечниот извештај, па не се исклучува дека и „Монструм“ ќе се најде мегу темите на интерес со оглед на тоа што деновиве партиите се обвинуваа мегусебно на оваа тема, пренесува Телма.ТВ.

Како што објави телевизијата на својот веб сајт, од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) засега не откриваат дали на листата на сведоци за „Монструм“ ќе го додадат и премиерот Зоран Заев. Со оглед дека ова судење се води по стариот Закон за кривична постапка и судијата има право да повика сведок во судница.

Слични содржини