Шестмина полицајци користеле флешери за да не платат патарина: Kазни за вкупно 32 лица

од Nikola Popovski

„Изречени се 32 глоби за неплаќање на патарина. Шест полициски службеници ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација и против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола“, соопшти денес Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението нема информации за кого се останатите изречени глоби.

Засилената контрола за санкционирање на евентуални злоупотреби била извршена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Државниот инспекторат за транспорт и Мобилната единица за безбедност во сообраќајот

Слични содржини