Шевченко испрати патриотска порака за „војната“ меѓу Украина и Русија

од Nikola Popovski

Андреј Шевченко, фудбалската легенда на Украина и поранешен селектор на репрезентацијата на оваа земја, се огласи по прашањето за предвоената ситуација.

Според странските медиуми, Украина и Русија се на работ на војна, додека руската страна ги позиционира своите војници долж украинската граница.

„Украина отсекогаш била мојата татковина. Отсекогаш сум бил горд на мојот народ и земја. Поминавме низ многу тешки времиња и се формиравме како нација повеќе од 30 години“, напиша Шевченко.

„Нација на чесни, вредни и слободољубиви луѓе. Ова е нашата најважна предност. Сега е тешко време за сите нас, но мора да бидеме обединети. Во единство, победуваме! Слава на Украина“, додаде поранешниот фудбалски ас на Челзи и Милан.

Потсетуваме, Шевченко не е на кормилото на својата репрезентација од минатата година каде помина пет години.

Тој ја презеде Џенова на почетокот на сезоната, но таму не се задржа долго, бидејќи доби отказ.

Слични содржини