Шевченко купува клуб во Италија

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот украински фудбалер и селектор на репрезентацијата на таа земја, Андреј Шевченко во моментов е во преговори околу купувањето на фудбалскиот клуб Пескара. Според италијанските медиуми, Шевченко треба да се сретне со претседателот на Пескара за да се договори за купување на најголемиот дел од акциите на Пескара.

Овој клуб моментално игра во Серија Ц, односно трет ранг на италијанскиот фудбал и успеа да се пласира во плејофот за пласман во Серија Б.

По заминувањето од селекторската функција на репрезентацијата на Украина, Андреј Шевченко стана тренер на Џенова во Серија А. Во Џенова сепак остана само два месеци и моментално е без ангажман.

Слични содржини