Шевченко може да се врати во Премиер лигата

од Nikola Popovski

Поранешниот напаѓач на Челзи, Андреј Шевченко, може да се врати во Премиер лигата како менаџер на еден од клубовите.

За време на својата кариера, Шевченко помина три сезони во Челзи, освојувајќи го ФА Купот и Лига Купот, а исто така стигна и до финалето во Лигата на шампионите.

Во моментов, Шевченко е селектор на Украина, но во блиска иднина планира да го направи следниот чекор. За ова раскажа Андреа Малдера, помошник на Шевченко.

– По работењето како тренер за националниот тим, тој сака да тренира клуб. Не е важно дали ќе биде од Серија „А“ или Премиер лигата. Тој е вреден и ме импресионира уште од самиот почеток. Шевченко научи многу од тренерите со кои работел. Карло Анчелоти беше вистински ментор за него. Тој е фокусиран на деталите додека се подготвува за натпреварите и го следи напредокот на играчите. Андреј и Масимилијано Алегри имаат иста способност да ја прочитаат играта и да ги предвидат настаните. Обајцата знаат кога да се вратат назад и да се бранат или да ги фрлат сите сили во напад. Шева е неверојатна фигура и неговите играчи многу му веруваат. Ова е фундаментално во модерниот фудбал, рече Малдера

Слични содржини