Шевченко размислува да замине на фронтот во Украина

од Nikola Popovski

Познатиот фудбалер и поранешен селектор на репрезентацијата на Украина, Андреј Шевченко е растргнат помеѓу помислата да замине во војна со својот народ или да им помогне на своите сонародници од Лондон во тешките моменти.

Шевченко во разговор за „Скај спорт“ истакна дека му помага на својот народ со подигање на свеста и собирање парична помош за својот народ, додека неговата мајка и сестра се уште се во Киев.

-Многу сум горд што сум Украинец. Ова се тешки времиња за мојата земја, мојот народ и моето семејство. Мајка ми и сестра ми се уште се во Киев. Страшни работи се случуваат. Луѓе умираат, деца умираат, проектили се свртени кон нашите куќи. Мораме да ставиме крај на оваа војна, мора да најдеме начин да го направиме тоа, изјави познатиот Украинец.

Шевченко додаде дека повеќето Украинци одбиваат да ја напуштат својата татковина и дека земјата минува низ најтешките моменти во својата историја.

-Мајка ми и сестра ми, како и повеќето Украинци, одбиваат да заминат. Остануваат да се борат за слобода, за нашите души. Во овој момент земјата е обединета, си помагаат едни на други. Семејствата ја делат храната со војниците. Украина минува низ некои од најтешките моменти од нејзината историја, но луѓето се еден до друг затоа што сакаат слобода и сакаат да ги бранат своите домови. Имаме бегалци, ни треба хуманитарна и медицинска помош, помош во храна. Мислам дека можам многу да направам од тука. Ќе направам.

Поранешниот напаѓач испрати порака и до рускиот народ, за да се спречи уште поголема трагедија.

-Би сакал да му се обратам на рускиот народ. Ве прашувам како можете да го толерирате ова. Ве молам, додека има уште време, престанете со војната. Излезете на улица. Кажете го вашето мислење. Можете да започнете војна и мора направете го ова, заклучи Шевченко.

Поранешниот напаѓач на Динамо од Киев, Милан и Челзи, беше селектор на репрезентацијата на Украина од 2016 до 2021 година, а последен тренерски ангажман му беше во Џенова каде не се задржа долго.

 

Слични содржини