Шевченко веќе не е селектор на Украина

од Vladimir Zorba

Андриј Шевченко (44) објави дека повеќе не е селектор на украинската фудбалска репрезентација.

Тој се обрати до јавноста преку Инстаграм.

„Мојот договор со Украинската фудбалска федерација истече денеска “, изјави Шева.

Тој ја водеше таа селекција од 2016 година.

Неговиот најголем успех е четвртфиналето на неодамна завршеното Европско првенство.

Слични содржини