Шифрин е прогласена за скијачка на годината

од Vladimir Zorba

Фото: nytimes.com

Меѓународната асоцијација на новинари кои го следат скијањето, ја изгласаа Михаела Шифрин за скијачка на годината, признание што Американката го освои и во 2017 година.

Шифрин во минатата сезона победи на дури 17 трки од Светскиот куп, а освои и златен медал во две дисциплини на Светското првенство. 

Единствен ривал на Шифрин за златната статуетка беше Марсел Хиршер, кој беше најуспешен кај мажите, и ја освои осмата титула во Светскиот Куп.

„Изненадена сум што победив јас, а не Марсел, кој ја заврши кариерата на неверојатен начин. Јас би гласала за него“, рече Шифрин која викендов во австриски Зелден ја почнува одбраната на титулата.

Слични содржини