Шилегов: Ако сакаме хуманизација на градот Цементарница и Железара ќе мора да се селат

од Nikola Popovski

Јужната обиколница која ги сече падините на Водно јас ќе ја избришам од ГУП-от, најави кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на Канал 5 телевизија. Тој вети дека во генералниот урбанистички план кој ќе се усвојува во 2022 година ќе нема ознака за изградба на капацитети на тешката индустрија.

-Железарница и Цементарница на пример ќе мора да се иселат и тоа е зборувано со нивниот менаџмент. Тоа ќе биде голем процес, но градот мора да се хуманизира, кажа Шилегов.

Тој додаде дека на Скопје му се случила бетонизација, бидејќи граѓаните не биле вклучени во процесите на носење одлуки. Шилегов кажа дека токму поради ваквите гледишта ќе ја добие поддршката од невладиниот сектор, со кого, како што вели, се на иста линија по многу прашања.

-Тука е корпусот од каде јас ја очекувам поддршката и мислам дека и членството на СДСМ ќе се подразбуди, како и луѓето што не сакаат државата да се враќа назад и невладините организации, истакна Шилегов.

Слични содржини