Шилегов до портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ: Намалете малку со лажните вести(ФОТО)

од Nikola Popovski

Фејсбук преписка помеѓу градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димса Арсовски.

Попладнево Арсовски на својот Фејсбук профил го прозва градоначалникот Шилегов дека власта е на прав, а градот Скопје е град на мобилност, постирајќи стара слика од обележан сообраќаен знак за заштита на ранливите учесници во сообраќајот.

Градоначалникот Шилегов на тоа му одговори дека сликата е уште од пред тој да стане градоначалник, односно тоа е  бележено во јули 2017 година за “потребите” на натпреварот за Европски куп.

„ Што би се рекло, пред јас да станам градоначалник. Веројатно, упатството било на англиски, па дошло до не(до)разбирање од мојот (а сепак ваш) предхотходник. Ти текнува ? Ду ју андерстенд ? Ор даз хи андерстенд ? (Намерно ви пишувам кирилица. Да може да прочитате. Не сум сигурен колку разбирате . ) И полека малку со фејковиве. Се утепавте од лажење …“, напиша градоначалникот.

Во продолжение погледнете ја целосната преписка.

Власта “на прав пат”.. 🔙Скопје – град на мобилност во Европа.. 🤦‍♂️

Публикувахте от Dimsa Arsovski в Понеделник, 13 януари 2020 г.

Слични содржини