Шилегов: ДУП-от за просторот кај езерото Треска е веќе донесен

од Берта Китинска

„Владата уште во 2017 година одлучи местот околу Треска да стане туристичка зона, а со тоа задолжение доби Оптшина Сарај, да донесе детален урбанистички план и да се влезе во реализација, вели Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашното издание на „360 степени“.

Тој вели дека сега во моментов тоа што се случува на терен е негова имплементација и додава дека ингеренции на Општина Сарај за езерото Треска и околината се дадени со одлука на Советот на Град Скопје некаде во 2011 година во време на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2017 година, тие се обиделе да дадат вредност на овој рекреативен центар да биде од државен интерес.

„„Кога беа почнати разговорите додадовме како вредност Треска на извесен начин да стане државен проект, што значи дека ниту е моето право, како градоначалник на Скопје, ниту е на господинот Беџети да управува сам со тој систем, туку е државен интерес и она што се случува сега е реализацијата на Деталниот урбанистички план и мислам дека таму се на крај и разговорите со инвеститорите“, рече Шилегов.

Слични содржини