Шилегов: Една од галиите во Вардар заминува во историјата

од Vladimir Zorba

„Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата, сподели Градоначалникот на Скопје на својот Фејсбук профил, Петре Шилегов со што почна да се реализира едно од неговите ветувања уште во предизборната програма.

Станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на движните ствари кои што се наоѓаат внатре, а потоа демонтажа и на самата галија,соопшти претходно Шилегов.

– Со ова, како континуитет на политиките што јас ги креирам како градоначалник, започнуваме со поизразено расчистување со криминалниот и подмолниот проект ‘Скопје 2014’. Овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот од една страна, но и според студијата на УНДП, зборуваат дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани, истакна уште во април градоначалникот.

Слични содржини