Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи ја коментираше златната виза на Венко Филипче. Тој напиша дека ситуацијата го потсетува на зборовите на Аристотел: “Мил ми е Платон, ама помила ми е вистината”.
Претходно СДСМ излезе со реакција по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кон лидерот на партијата, Венко Филипче. Од најголемата опозициска партија тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ јасно кажал дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.
„Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година, стои во партиското соопштение на СДСМ.